send link to app

Математика 1 app for iPhone and iPad


4.0 ( 0 ratings )
Games Education Family Puzzle
Developer: Katerina Dimev
Free
Current version: 1.0, last update: 4 years ago
First release : 03 Feb 2020
App size: 0 Bytes

Ајде да зачекориме заедно во светот на математиката на еден нов, иновативен и забавен начин. Да, токму така, математиката може да е забавна, а развивањето на математички вештини лесно со помош на модерната технологија. Во консултација со повеќе едукатори и наставници креиравме концепт со помош на кој децата ќе ја засакаат математиката и ќе изградат позитивен однос кон неа.

Математичките содржини во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од прво одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Суптилно, преку забава и игра, малите математичари ја восприемаат математиката, ги развиваат фините моторички вештини и ги подобруваат интелектуалните способности, памтењето и концентрацијата.
Во оваа виртуелна збирка на задачи ќе најдете 20 различни мини-игри со многу математички активности како што се: броење, поголемо/помало, пар/непар, собирање, одземање, удвојување, половини, низи и уште мнооогу други.

Едукативниот аспект е дополнително збогатен со внимателно избран дизајн, смешни анимации и аудио материјали кои ќе се погрижат да го привлечат и задржат вниманието на децата. Задачите се интересни, а методот на изучување се базира на континуирано стимулирање на успехот на детето со пофалби, како и прифаќање на секое погрешно решавање на задачата без прекинување на истата – бидејќи потрагата за решението е дел од детското учење и стварање.

Превземете ја оваа апликација бесплатно и влезете во забавниот математички свет на нашата весела математичка фарма. Овој пат времето поминато на вашиот мобилен/таблет ќе биде навистина поучно, вашето дете ќе решава математички проблеми прилагодени за неговата возраст и ќе го надградува своето знаење.

Математички игри:
1. Броиме до 10
2. Поголемо, помало, еднакво
3. Подредување по големина
4. Парни и непарни
5. Собирање до 10
6. Собирање – надополни го равенството до 10
7. Одземање до 10
8. Одземање – надополни го равенството до 10
9. Удвојување до 10
10. Половини до 10
11. Броење по 2
12. Броење по 5
13. Броење десетки
14. Собирање до 20
15. Собирање – надополни го равенството до 20
16. Одземање до 20
17. Одземање – надополни го равенството до 20
18. Удвојување до 20
19. Половини до 20
20. Низи

Заштита на личните податоци:
Бидејќи и самите сме родители, Playmoood приватноста на децата ја става на прво место. Нашата апликација не ги собира личните податоци и не содржи реклами.

Ако имате било какви повратни информации и сугестии за тоа како би можеле понатаму да го подобриме дизајнот и интеракцијата на нашите апликации и игри, ве молиме оставете ни порака на [email protected].