poslat odkaz na aplikaci

Математика 1


4.6 ( 96 ratings )
Hry Vzdělávání Family Puzzle
Vývojář: Katerina Dimev
5.99 USD

Математика 1 за деца е мобилна апликација која претставува прв чекор во светот на математиката на еден нов, иновативен и забавен начин. Содржините во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од прво одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Преку забава и игра, малите математичари ќе вежбаат математика, ќе ја развиваат моториката и ќе ја подобрат концентрацијата.

Оваа виртуелна збирка на задачи се состои од 45 различни мини-игри поделени во 5 групи

- Броеви и броење
- Собирање
- Одземање
- Форми
- Мерки

Едукативната игра има внимателно избран дизајн, суптилни анимации и аудио материјали со цел да го привлечат и задржат вниманието на децата. Задачите се интересни, а методот на изучување се базира на континуирано стимулирање на успехот на детето со пофалби, како и прифаќање на секое погрешно решавање на задачата без прекинување на истата – бидејќи потрагата за решението е дел од детското учење и творење.